(Вознемирувачко видео) Маж (40) почина на лице место откако велосипедист удри во него на 300 метри од целта – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/22 12:17 PM

(Вознемирувачко видео) Маж (40) почина на лице место откако велосипедист удри во него на 300 метри од целта

На велосипедската трка во италијанскиот град Кастелфирадо, во провинцијата Анкона, се случи страшна несреќа во која животот го загуби спортскиот директор на тимот Вирис Виџевано.

Стефано Мартолини (41) загина кога младиот италијански велосипедист Никола Венкијарути (23) со полна брзина налетал на него.

За трагедијата да биде поголема, се се случи на само 300 метри од целта. Потоа Венкијарути се обиде да „избие“ од толпата и да обезбеди подобра позиција, но ја загуби контролата над велосипедот и при полн спринт го погоди Мартолини, кој беше веднаш до патеката, можеби и  премногу блиску до велосипедистите.

Се се случи во секунда и Венкијарути по инцидентот сфатилдека човекот кога го удрил лежи неподвижен, веднаш повика помош, но за жал Мартолини не беше спасен.

Аматерската снимка која се појави на социјалните мрежи го покажува моментот откако Венкијарути се заби во Мартолини, а секако ќе му помогне на обвинителството кое ги испитува сите детали. Јавниот обвинител веднаш отвори истрага за убиството од небрежност, па ќе видиме дали Венкијарути ќе биде казнет за оваа несреќа.

Мартолини удрил со главата во бетон и починал на лице место, додека велосипедистот Венкијарути скршил два задни пршлени и е во тешка состојба.

извор: Mondo.rs

фото: youtube.com