Што е емоционална зрелост и кои луѓе можат да се пофалат со неа? – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/22 8:00 PM

Што е емоционална зрелост и кои луѓе можат да се пофалат со неа?

Емоционалната зрелост нема поврзаност со годините, туку со тоа како се доживуваме самите себе, со способноста да разбереме како се чувствуваме и како реагираме на светот околу нас.

Што е емоционална зрелост и кои луѓе можат да се пофалат со неа? Прво мораме да го согледаме светот во кој живееме. Тој е препол со предизвици, луѓе, случувања во чие обликување немаме влијание, а ние сме само една ситна единка. Да се биде емоционално зрел значи да се влијае на она што можеме, да се прифати она кое не го можеме и да научиме да ја препознаеме разликата, да не ја трошиме енергијата на она кое не можеме да го промениме.

Емоционално зрелите луѓе ги красат одредени особини:

Тие не бегаат

Било што да е причината за проблемот или болката, емоционално силните луѓе не бегаат, не се кријат кога ќе се сретнат со тешки емоции. Можеби тие не знаат што ќе направат со нив, но секогаш даваат сѐ од себе да се освестат и да разберат. Тие знаат дека е најлесно да се побегне, но не го прават тоа. Тие храбро стојат пред предизвикот. Никој од нас не може да ги контролира своите импулси, но можеме да ги процениме своите чувства, а потоа да делуваме на нив, наместо да дозволиме тие да не освојат.

Сакаат чисти емоции

Често под влиајние на околината, состојбата во која сме се нашле или други луѓе ги закопуваме нашите чувства, ги криеме, додека на површина сѐ изгледа во ред. Така на пример кога сме тажни, таа емоција несвесно ја прикриваме со емпатија, досада и мрзеливост… Емоционално зрелите луѓе одбиваат да се задоволат со било што помалку од сознанието на тоа што го чувствуваат. Тие се борат сѐ додека не ги добијат вистинските одговори.

Не мораат да бидат во право

Еднаш кога ќе завршат тешка работа да сфатат што всушност се случува во нивната глава. емоционално  зрелите луѓе понизно го проценуваат проблемот. Тие се подготвени на отворен разговор, покажуваат голема доза на емпатија да ги разберат другите и нивните чувства. Тие не инсистираат на тоа да бидат во право, умеат да прифатат дека згрешиле и очекуваат дека и во иднина нема да бидат безгрешни. Исто така не чувствуваат сѐ лично, не се чувствуваат лошо поради тоа. Свесни се дека тоа не им се случува само на нив туку на сите.

Преземаат одговорност

Тие ја разбираат разликата помеѓу преземање одговорност и препишување на вина и никогаш нема да обвинат некој друг за она за кое тие се одговорни. Умеат да ја признаат својата грешка и не обвинуваат никој друг за тоа.

Имаат голема самопочит

Самопочитувањето е вкоренето во индивидуалноста, а емотивно зрелите луѓе се совршено свесни за себе како личност, за своите принципи, вредности, но и стравови и несигурности. Тие постојано се преиспитуваат, размислуваат дали некаде имаат погрешено, дали други ја имаат ореминато границата која тие ја имаат поставено… тие не дозволуваат да судовите на другите влијаат на нив, критиката без аргументи не ги погодува и не ги допира. Тие знаат колку вредат и ништо не може да им ја разниша самодовербата доколку тие не го дозволат тоа.

 

Извор:  sensa.mondo.rs