Веднаш исфрлете ги од глава: Пет токсични мисли кои ве блокираат во животот – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/22 7:00 PM

Веднаш исфрлете ги од глава: Пет токсични мисли кои ве блокираат во животот

Уште од детството усвојуваме одредени негативни уверенија, од родителите, воспитувачите, учителите, а низ животот со разни болки и негативности придонесуваат и лажните пријатели и погрешните партнери. Без оглед како настанале, негативните мисли се таложат во нашата глава, а тоа неповолно влијае на нашиот успех, животниот пат, остварување на желбите и слично. Тоа нѐ спречува да бидеме најдобрата верзија од нас-онаа која во животот може ама баш сѐ!

Еве кои ставови намногу нѐ спречуваат да живееме подобро:

Не сум доволно добар/добра“- Ова настанува со упорно споредување со другите луѓе. Забораваме дека секој од нас е идндивидуа за себе, со свои успеси, потреби и можности. Често за другите создаваме и идеализирани слики кои всушност се замо наша илузија. Споредувањето со другите донесува само негативност, а единствена личност со која треба да се споредите сте вие самите.

„Нема да бидам среќен/среќна додека“…- Доколку чекате нешто да се случи-нова работа, преселба, растење на децата, патување – за да бидете среќни, од вашата среќа нема многу да добиете. Доколку среќата ја поврзувате само со надворешни искуства, бидете сигурни дека и кога ќе се случи она кое го посакувате, ќе пронајдете нешто ново што треба да се случи за да бидете среќни. Среќата е внатре – СЕГА И ОВДЕ!

„Предоцна е нешто да се промени“- Уште една илузија која нас нѐ тера да се држиме до нешто над кое имаме моќ. Понекогаш е тешко да се ризикува, но не можете да знаете што ќе се случи ако не пробате, ако не се потрудите. Откажувањето е слабост, а времето никогаш не е фактор кој може да не ограничува. Постои изрека „никогаш не е доцна да сонувате нов сон или да исполните нова цел“.

„Сѐ уште не сум спремен/спремна“ – Никој не е 100% сигурен во своите постапки, никој не може да знае што ќе биде утре или за една година. Никој не го знае патот до подобар живот, тој е покриен со магливи тајни. За да живеете подобро, морате некое време да поминете низ маглата со целосно слепило и големи сомнежи дека овој пат е вистинскиот. Можеби и нема да биде, но од сето ова нешто ќе научите.

„Немам време“- Зошто мислите дека во иднина ќе имате повеќе време? Доколку ваш изговор е дека немате време да го реализирате вашиот сон, цел или она што ве исполнува, тогаш тоа не е ваша вистинска животна мисија.

 

Извор:  sensa.mondo.rs