(Видео) „Меморија со „Дирлада“ најавија добро дружење на концертот во Градски парк во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/22 4:18 PM

(Видео) „Меморија со „Дирлада“ најавија добро дружење на концертот во Градски парк во Скопје

Денес, 25 мај, некогашниот Ден на младоста, не случајно симболично беше одбран  за втората и последна прес конференција на групата „Меморија“ која се одржа на терасата на  скопскиот хотел „Парк – 4“, на која беа соопштени сите детали за концертениот спектакал под отворено небо кој ќе се одржи на11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје.

Замислен како голема заедничка „рок ен рол матурска забава на генарациите“,беше соопштена конечната програма, која ќе се одвива пред почетокот и за време на концертот, а со тоа беа највени и специјалните гости и нивните изведби.

-За прв пат на еден концерт во Македонија се подготвува посебна трибина, односно платформа за лицата со телесни инвалидитети и попречености, за да можат и тие на достоен начин оод потребното ниво да го следат концертот. Потег што беше поздравен од претставниците на „седмата сила“, а реализацијата на целата иницијатива покрај членовите на бендот, односно организаторот, ја презема здружението „Мобилност“, чии преставници се заблагодарија на идејата и иницијативата, рече Петар Георгиевски Камиказа.

 

Заедничката „рок ен рол матура“ на „Меморија“ ќе ја отвори младата група „2ВЕ“ која како предгрупа за загревање ќе свири познати македонски рок хитови. не аќе и се придружи и повратникот од Америка, некогаш многу популарниот Ламбе Алабакоски кој се врати да живее во родната  Македонија, а со тоа и на музичката сцена.

Специјалните гости кои беа најавени ќе бидат распоредени во одреден дел на шоуто, а тие со своите настапи ќе ја збогатат програмата и разиграат музичкиот колорит на концертот изведувајќи ги своите најголеми хитови.

(В.М.)

Фото: Вангел Тануровски