Се ближи сезоната на летните одмори, а со оглед на тоа дека бројни земји ги укинаа ковид мерките кои досега важеа на граничните премини, патувањата станаа уште полесни. Меѓутоа, здравствените проблеми, а меѓу нив и проблемите со варењето, може да го расипат одморот. Професор д-р Војислав Перишиќ, гастроентеролог советува како да се спречи оваа непријатна појава.
„Три дена пред да се замине на пат да се земе пробиотик. Јас скоро размислував кој пробиотик, тоа може да биде и оној стандардниот, но и во мега доза“, советува докторот.
Тој објаснува и што значи мега доза:
„Имате неколку мега дози, 20 милијарди пробиотици по капсула или ќесичка, 35 милијарди и 55 милијарди. Секако би советувал доколку се оди во земја од висок ризик, да се земе доза од 55 милијарди“, додава тој.
Тој вели дека мега дозите на пробиотици може да се земаат и во текот на летувањето, а ваквиот совет важи и за децата и за возрасните.
„Нема да погрешите и не плашете се“, порачува тој додавајќи дека со одредени количини всушност само се пополнуваат рецепторните места за патогени.
„Ентерофурил, единственото антибактериско и антивурусно хемиско соединение кое не се апсорбира, а кое има многу висока концентрација во нашите цревни сокови, па кога ќе влезе бактерија таа нема способност да влезе во ѕидот туку се уништува. Ентерофурилот треба да се земе пред да се оди во земјите од висок ризик“, нагласува тој.
Негов совет е рацете задолжително да се мијат пред јадење, но и внимателно да се бира храната: „посно млеко, посно сирење, зелена салата, роквици. Еден домат има повеќе Ц витамин од еден лимон, тоа е антивоспалителен витамин. Тој додава дека овошјето од хотиелите дополнително треба да се мие, но и да се биде внимателен со зготвената храна која стои извесно време“, истакнува докторот.
Извор: kurir.rs