(Видео) Хулиганите тргнале да ја рушат зградата на Еди Рама – Хаотични сцени во Тирана пред мечот Рома-Феенорд – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/22 10:27 AM

(Видео) Хулиганите тргнале да ја рушат зградата на Еди Рама – Хаотични сцени во Тирана пред мечот Рома-Феенорд

Жешка увертира имаше финалниот натпревар од Лигата на конференциите меѓу Рома и Феенорд, кој на програмата е вечерва во Тирана (21) на стадионот „Ер Албанија“.
На само еден ден пред финалето на Лигата на конференциите, во кое се среќаваат италијанската Рома и Феенорд од Ротердам, на улиците на главниот град на Албанија на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана беа забележани страшни немири.

Виновници за хаосот се ултрасите на двата клуба, пренесуваат албанските медиуми, а на социјалните мрежи се појави видео кое можеби најдобро ја опишува ситуацијата која владее низ Тирана и колкава е омразата меѓу Албанците, Италијанците и Холанѓаните.

Видеото кое доаѓа од градината на едно кафуле, каде што група млади момчиња Албанци и поддржувачи на Феенорд пееја песни пред жесток судир, најдобро ја опишува „напнатоста“ на ситуацијата.

Во исто време, неколку полицајци се повредени и со полесни повреди се пренесени во болница по судирите со хулиганите од двата клуба, на повеќе локации во градот во текот на целиот ден.

Ултрасите не ги заобиколија невините луѓе во градот, кои случајно се нашле таму. Искршиле и неколку автомобили, направиле огромна материјална штета на повеќе места каде што поминувале хулигани во нивниот поход.

Според порталот „Панорама спорт“, група навивачи на Рома кои цело време биле придружувани од полиција, ја нападнале и зградата на премиерот на Албанија!

Во таа прилика тие се однесувале многу агресивно и се обиделе да ги уништат натписите на неа. Ултрасите на римскиот клуб цело време агресивно реагираа на насоките на полицијата која бараше да се воздржат од судири со холандски навивачки групи.

При тој инцидент биле повредени споменатите двајца полицајци кои веднаш биле пренесени во болница за укажана лекарска помош. Полицијата по неколку минути ја презеде контролата врз ситуацијата, го опколи просторот и ги отстрани италијанските хулигани, кои со палки и цврсти предмети претставуваа опасност за секој граѓанин кој се наоѓаше таму.

Ништо помалку опасни беа и навивачите на Феенорд, кои беа подготвени да се пресметаат со секој што ќе им се најде на патот од другата страна на градот.

Друг албански медиум објави дека 45-годишен државјанин бил претепан од холандски навивачи затоа што дофрлил „Рома“ кон нив.

извор: Informer.rs

фото: Twitter