Бивш НБА-првак кој играше со Коби Брајант, три месеци ја брани Украина без воена обука – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/22 6:00 PM

Бивш НБА-првак кој играше со Коби Брајант, три месеци ја брани Украина без воена обука

Станислав Слава Медведенко беше дел од шампионската генерација на Лос Анџелес Лејкерс, со кои ги освои НБА титулите во 2001 и 2002 година. Тој, се разбира, не беше меѓу најголемите ѕвезди на тимот, а тие улоги беа резервирани за Шекил О’Нил и Коби Брајант, но беше вредно тркало во моќната машина што доминираше во најсилната светска кошаркарска лига.

Денес, славните денови  изгледаат многу далечни. Наместо „виолетово-златен“ дрес на Лејкерс, тој сега ја носи униформата на украинската армија и веќе три месеци ја брани својата земја од руската инвазија.

Медведенко не поминал воена обука, но бил подготвен да ја брани Украина од првиот ден на руската агресија, опремен со калашникови и двогледи. Во интервју за The Athletic, поранешниот крилен центар раскажува како една ноќ бил сведок на обид на руските сили да го уништат украинскиот радарски систем со проектили.

– Можеш ли да замислиш? Доека седите на контролен пункт и гледате како голема руска ракета лета над вас? Но, кога сте во таа приказна, немате време за страв. Чувствувам дека морам да бидам во Украина и да и помогнам на мојата земја, на мојата нација. Мораме да бидеме силни – изјави Медведенко, кој одигра 249 натпревари во шест сезони со Лејкерси, со просек од 5,4 поени и 2,9 скока.

Во моментов, Медведенко е фокусиран на помагање на погодените од руските напади, патролирање во населбата во потрага по диверзанти и создавање добротворна организација за помош на украинските деца.

– Организиравме самоодбрана во нашата област Киев. Некои работат на логистика, други се грижат за јавниот ред на улиците. Јас патролирам низ градот додека жена ми работи во центарот за комуникации. Мислам дека ова е многу важно бидејќи ја презедовме улогата на полицијата. Наша задача е да го минимизираме грабежот, а во исто време бараме саботери кои имаме право да ги приведеме и да ги предадеме на украинското обезбедување. Додека ги чувате улиците на нашиот град, животот е многу мирен – заклучи Медведенко, поканувајќи го поранешниот соиграч Шекил О’Нил да дојде во Киев и на тој начин да ги поддржи напорите на Украинците да ја одбранат земјата.

извор: theathletic.com

фото: theathletic.com