Ања со години ги моли лекарите да и ги намалат градите, а тие не сакаат ниту да слушнат – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/22 10:00 PM

Ања со години ги моли лекарите да и ги намалат градите, а тие не сакаат ниту да слушнат

Ања е актерка од Северен Велс и има еден проблем – големи гради. Поради екстремно големите гради, Ања трпи неподносливи болки во ‘рбетот, но и осип предизвикан од потење и триење.

Таа со години оди на лекар со надеж дека некој од нив ќе се согласи и ќе и ги намали градите со операција. Но, тие не се согласуваат!

„Лекарите велат дека треба да ја намалам тежината за половина. За да се согласам на операцијата, мислат дека треба да ослабам околу 60 килограми, што секако би сакала, но тоа е невозможно.
Работата е што едната града ми тежи и до 6 кг! Поради големите гради трпам неподносливи болки, носам градници на баба ми и кога излегувам од дома користам стапчиња за одење. Имам силен осип под градите кој се претвора во жива рана“, се жали Ања.

Ања е убедена дека ќе стане инвалид доколку не и помогнат лекарите. Сепак, нивната состојба е јасна – Ања прво мора да ослабе.

Сепак, оваа девојка вели дека вежбањето и е многу тешко поради огромните гради, а диетата не функционира.

„Пробав многу различни диети, отидов на лекар, ми ја водеа програмата за слабеење и ништо не вроди со плод“, тврди Ања.

Смета дека единствено решение е операција, се што треба да направи е да најде лекар кој ќе ја заврши работата!