(Видео) Чувар на зоолошка градина го провоцирал лавот, па останал без прст – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/22 2:11 PM

(Видео) Чувар на зоолошка градина го провоцирал лавот, па останал без прст

Вирален хит на интернет стана видеото на кое е прикажано како лав одговара на провокациите на чувар од Зоолошка градина во Јамајка.

Чуварот ја ставил раката во металниот кафез провоцирајќи го животното, а на снимката е прикажано како тој го допира лавот по забите и по образите. Сепак, очигледно на лавот во еден момент му здодеало со него да си „играат“. Чуварот неколку секунди се обидувал да ја извлече раката веќе која била во устата на животното, а сето тоа посетители во зоолошката го снимале со своите мобилни телефони, наместо да му помогнат.

Снимката која беше објавена на YouTube има околу десет илјади прегледи, а во коментарите корисниците се прашуваат зошто воопшто чуварот ја ставил раката во заграден простор. Од управата на зоолошката градина објасниле дека се работи за несреќен случај кој никогаш не требало да се случи.

Снимката е означена како вознемирувачка.

Извор: danas.rs