Германската компанија за спортска опрема, Адидас, денес ја претстави официјалната топка за мечот за финалето на Лигата на шампионите. На топката зборот „мир” е напишан на руски и на англиски јазик.
Топката која содржи глобална порака за мир, нема да биде достапна во малопродажба. Наместо тоа, топката од финалето ќе биде продадена на аукција по натпреварот, а приходите ќе бидат наменети за УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, за да помогне во заштитата на луѓето кои се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти и прогон.
Финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се одигра на 28 мај во Париз на „Стад де Франс”. Почетокот е во 21 часот.
МИА
фото: news.adidas.com/