Девојка која била многу сиромашна открива дека сѐ тргнало на подобро откако нејзината мајка ѝ платила операција за зголемување на градите.
Триесет и двегодишната, Софија Саншајн од Канада некогаш била прилично сиромашна, а нејзината мајка цел живот напорно работела за да го издржува семејството, но поради артритис повеќе не можела да работи. Софија работела разни работи за да заработи нешто и да му помогне на семејството, а во 2017 одлучила да почне да работи како модел. Меѓутоа, се разболела од панкреатитис по што ослабнала, а поради ова ги изгубила и бујните гради, па ангажманите како модел значително се намалиле. Тогаш нејзината мајка одлучила да ѝ даде пари за да ги зголеми градите, за да може Софија да продолжи да го работи она што го сака.
View this post on Instagram
„Отсекогаш сакав да имам големи гради бидејќи сакам да сум во центарот на вниманието и поради нив се чувствував привлечно“, изјавила девојката додавајќи дека била депресивна кога се разболела бидејќи тоа влијаело на нејзиниот изглед.
„По осум месеци мојата мајка ми предложи да направам пластична операција на нејзин трошок“, раскажала девојката чија операција чинела околу десет илјади долари.
„Плачев од среќа кога добив импланти“, признава таа и објаснува дека мајка ѝ тоа го направила за неа бидејќи сакала да ја гледа среќна. Благодарение на провокативните фотографии на Инстаграм таа сега заработува и по 50.000 долари месечно, а нејзината мајка ја поддржува во сѐ. Таа истакнува дека не ја интересира како заработува ќерка ѝ, туку дека ѝ е важно таа да е здрава и среќна.
Извор: mondo.rs