Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење” – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/18 12:40 PM

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење”

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја улога во продолжението на филмската хорор класика „Сјаење“ (The Shining), чиј работен наслов е „Doctor Sleep“.

Деталите за улогата на Гринвуд засега се чуваат во тајност, но се знае дека Јуан Мекгрегор ќе ја толкува главната улога – ликот на детето што во првиот дел, во хотелот го преживеа полудувањето на психотичниот татко убиец.

Сценариото и режијата се на Мајк Фленаган, а филмот е заснован на роман на Стивен Кинг.

Премиерата е првично најавена за 24 јануари 2020 година.