Коњот од тераса во Дебар Маало замина во Зоолошката градина – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/22 3:13 PM

Коњот од тераса во Дебар Маало замина во Зоолошката градина

Екипи на скопската зоолошка градина, полицијата и инспектор на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчеравечер спасиле коњче, оставено без храна и вода, а врзана на тераса од стан во напуштен објект во Дебар Маало.

Случајот го пријавиле граѓани во полиција, по што доцна вечерта коњот бил пренесен и згрижен во Скопје ЗОО, од каде што информираа дека веднаш му обезбедиле ветеринарна грижа и соодветна нега.

Од Зоолошката апелираа да не се измачуваат животните и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите.