Со велосипедска тура „Од срце за Тоше” денеска стартуваше група од четворица кавадарчани кои со велосипеди тргнаа од Нова Градишка, каде што загина македонскиот пејач и ќе возат 7-8 дена, околу 1.100 километри до неговото родно Крушево. Пред почетокот на акцијата, тие положија свежо цвеќе пред споменикот на Тоше во Нова Градишка.
-Екипа сме од четворица велосипедисти, членови на “Тиквешки точакџии” од Кавадарци – изјави Драган Јованов.
Ѓорѓи Белевски вели дека до Нова Градишка стигнале со автомобил. Тројца ја минуваат маршутата на велосипед, а еден го вози автомобилот назад, како техничка подршка и заради безбедност.
За Тони Стефанов, Тоше е звезда која секогаш ќе сјае на небо.
Храбрите велосипедисти Драган Јованов, Марјан Хаџи-Мустафов и Тони Стефанов за време на маршутата ќе преноќуваат во шатори.
Билјана Тошевски