Сезоната на јагодите веќе почна, па денес ви даваме предлог за еден интересен колач во кој ќе може да ужива целото семејство, а за подготовка ќе ви биде потребно сосема малку време.
Состојки:
300 мл засладена слатка павлака
800 гр јагоди
150 гр сечкани јагоди
300 гр бисквити
шеќер во прав
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака, па додадете ги изблендираните јагоди и промешајте. Во смесата истурете ги сечканите јагоди и промешајте. Огноотпорниот сад покријте го со проѕирна фолија и над него ставете бисквити по ваш избор. Со смесата со јагоди прелијте уште еден ред бисквити. Покријте со фолија и оставете во замрзнувач околу 4 часа. Посипете со шеќер во прав.
Извор: stil.kurir.rs