Се судрија мотоцикл и автомобил, пет лица се повредени – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/18 10:09 AM

Се судрија мотоцикл и автомобил, пет лица се повредени

Дваесетгодишно момче од кавадаречкото село Дреново и неговиот сопатник се повредени во сообраќајна незгода со автомобил „Мазда“. Со повреди се здобиле и возачот и сопатниците во автомобилот информира – портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– На ден 19.09.2018г. околу 13.30ч. на ул.„Маршал Тито“ во Градско дојдено е до сообраќајна незгода помеѓу моторцикл марка „Јамаха“ со скопски регистарски броеви  управуван од П.С.(20) од с.Дреново – кавадаречко и патнички автомобил марка „Мазда-3“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од О.А.(40). По незгодата на лекарски преглед во приватна здравствена установа во Градско  се јавиле сите учесници каде се констатирани  повреди кај возачот на моторциклот и неговиот сопатник С.П.(30),  додека возачот на автомобилот и неговите сопатници Г.С.(69) и А.С.(35) по  укажаната медицинска помош се упатени на  болничко лекување.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.

Постојано во полициските билтени се сретнуваме со информации за случени сообраќајни незгоди со моторцикли особено во летниот период. Брзото возење, непочитувањето на  правилата за првенство на  минување и управувањето под дејство на алкохол се најчестите причини поради кои тие се случуваат.

За намалување на нивниот број полицијата работи на подигање на свеста кај возачите за почитување на правилата во сообраќајот, ограничување на брзината и неуправувањето на моторни возила под дејство на алкохол. Инаку посебно внимание се посветува и на младите категории возачи, пред се’ во управувањето на моторцикли и мотори каде е задолжително носењето на заштитна опрема.

 

Билјана Тошевски