Телото ни дава сигнали! Кои се знаците дека консумирате премногу благо? – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/22 11:06 AM

Телото ни дава сигнали! Кои се знаците дека консумирате премногу благо?

Јаглехидратите овозможуваат подобро функционирање на мозокот, тие се важни за нашата меморија, но и за доброто расположение.

Количината на јаглехидрати која му е потребна на вашето тело, зависи од вашите години, брзината на метаболизмот и нивото на физичка активност. Меѓутоа, на сите им се препорачува ист вид јаглехидрати, а тоа се оние кои се варат поспоро. Овие јаглехидрати ќе ги најдете во лебот, мешунките, како и во овошјето и зеленчукот кои е подобро да ги јадете цели, а не да ги цедите како сок.

Во однос на количината, пресметајте дека јаглехидратите треба да бидат извор на околу половина од вашите дневни калории, поточно меѓу 45 и 65 проценти. Тоа значи дека ако ви требаат околу 2000 калории дневно, може да земете меѓу 225 и 325 грама јаглехидрати.

Ова не значи дека секој ден треба да ја пресметувате секоја калорија, но можете да ја следите состојбата на својот организам бидејќи тој најдобро укажува ако сте претерале со јаглехидратите, особено со шеќерите.

Ако постојано добивате на тежина или не успевате да ослабнете

Овој знак е карактеристичен за луѓето кои физички се многу активни и јадат здрава храна. Меѓутоа, односот меѓу макронутриентите не е добар, претеруваат со јаглехидратите, највеќе со шеќерите. Ова особено се однесува на луѓето кои се обезни во пределот на струкот,

Ако имате проблематична кожа

Честите акни може да бидат поврзани со исхраната со висок гликемиски индекс. Акните неретко се предизвикани од прекумерното консумирање на млечни производи или одредени намирници со заситени масти, но сепак најчесто виновник за нив е шеќерот.

Ако често имате кариес

Постои јасна врска меѓу големата количина на храната со шеќер и кариесот на забите, која за многумина е позната. Меѓутоа, она што многумина не го знаат дека и скробот има сличен ефект, значи компирот е намирница која треба ограничено да се консумира.

Ако ви недостига енергија

Телото реагира на глукозата во крвотокот кога создаваме прости јаглехидрати. Во ваков случај, може да почувствуваме краткорочен бран на енергија, по кој следува пад, па често се чувствуваме речиси слаби и поспани после оброк со многу јаглехидрати.

Посебно е опасно за организмот доколку имаме периоди на гладување проследени со оброк полн со прости шеќери.

 

Извор: alo.rs

Фото: Илустрација / Pixabay