Јавните административци преку нова алатка може да пријават притисок на работното место – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/18 9:56 AM

Јавните административци преку нова алатка може да пријават притисок на работното место

Вработените во јавната администрација веќе една седмица ја имаат на располагање алатката што ја објави ресорното  Министерство, а преку која може да пријават притисок на работното место. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска на прес конференција потенцираше дека иако оваа алатка има за цел да ги заштити административците, во овие 7 дена не пристигнала ниту една пријава:

„МИОА објави алатка за пријавување притисоци на работното место. Алатката има за цел да послужи како заштита на вработените во јавната администрација. Тоа е предупредување за сите министри, директори и раководители дека секој обид за злоупотреба на службената положба ќе биде санкциониран. Секој вработен во јавната администрација може да пријави евентуални притисоци“.

Манчевски рече дека пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели своите лични податоци, тие ќе бидат заштитени Согласно законот за лични податоци.