На интернет кружи видео кое го објави Рамзан Ахматович Кадиров.
На почетокот на видеото е прикажана изјавата на еден од командантите на баталјонот „Азов“ во која тој вели:
„Ако го нема Мариупол, нема да ја има Украина“.
https://www.youtube.com/watch?v=M2ILfmQJNcs&t=47s
Подоцнежните делови од видеото го прикажуваат предавањето на членовите на „Азов“ кои се качуваат во автобусот, како и Кадиров кој управува со автобусот.
Лидерот на Чеченската Република го објави видеото на социјалната мрежа „В контакте’ и остави кратка порака:
„А предупредив…“