Навивачата група „Торцида“ на сплитски Хајдук се судри синоќа со полицијата на враќање од дербито во последното коло од хрватското фудбалско првенство против Динамо во Загреб при што има ранети и повредени на двете страни.
Како што јавија локалните медиуми, цитирајќи го соопштението од хрватското Министерство за внатрепни работи, ранети се двајца навивачи, а повредени се десетина полицајци. Сите се вон животна опасност.
21.05.2022🇭🇷BBB (Dinamo Zagreb) attack on Torcida before derby https://t.co/Fjy3xrlEmQ#DinamoZagreb #Hajduk #hooligans pic.twitter.com/RNRD5LKYNG
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 21, 2022
Инцидентот се случил на автопатот А1 кога групата од околу 1.600 навивачи на Хајдук кои со автомобили, автобуси и комбиња се враќале во Сплит со полициска придружба, самоиницијативно застанале кај одморалиштето Деснице, блокирајќи ги сите ленти на автопатот во насока кон Карловац.
Поголема навивачка група, притоа, физички и со употреба на „предмети погодни за нанесување телесни повреди“ ги нападнале полицајците, кои во обид да воспостават ред возвратиле со огнено оружје.
21.05.2022🇭🇷BBB (Dinamo Zagreb) vs cops after match#bbb #zagreb #hooligans #fight #acab pic.twitter.com/Y2xpPUIykk
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 22, 2022
Инцидентот се случи по првенственото дерби на стадионот „Максимир“ во Загреб во кое Динамо со победа од 3-1 над Хајдук ја прослави шампионската титула во хрватското првенство.