Албанија купи противтенковски ракети Џавелин за да ја зајакне својата одбрана, соопшти денеска министерот за одбрана на таа земја Нико Пелеши.
Во соопштението се наведува дека Албанија склучила договор со американската компанија Локт Мартин, но не се наведува бројот на проектилите, цената и кога ќе бидат испорачани.
Пелеши рече дека целта на купувањето на ракетите е модернизација на армијата.
Shqipëria do të pajiset me raketa të reja anti-tank tip Javelin që po prodhohen nga gjigandi botëror Lockheed Martin.
Këto armë sa moderne, me rreze deri ne 4 km, janë vetëm një fazë e procesit të modernizimit të FA, falë mbështetjes dhe bashkëpunimit me aleatët strategjikë. pic.twitter.com/xxjCNBnfxP— Niko Peleshi (@nikopeleshi) May 21, 2022
– За да не дојде до паника, нема конкретна закана. Ние сме земја членка на НАТО и прашањето за националната безбедност е решено. Заштитени сме, рече министерот.
Пелеши рече и дека НАТО не претставува закана за ниту една земја, вклучително и за Русија.
Тирана ја поддржува политиката на „отворени врати“ на Алијансата, и кога станува збор за Финска и Шведска, Пелеши рече дека тоа се „две независни суверени земји со високи политички, правни и воени стандарди“.
MИА
Фото: Твитер