(Видео)Зоран Матевски: Ако нема волја меѓу црквите, политички притисок неможе да извршите – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/22 4:11 PM

(Видео)Зоран Матевски: Ако нема волја меѓу црквите, политички притисок неможе да извршите

Професорот по социологија на религиите, Зоран Матевски не се сомнева дека ќе биде прогласена автокефалност на МПЦ-ОА. Тој во изјава на емисијата Стадион на Канал 77 вели дека односите меѓу МПЦ и СПЦ никогаш не биле на повисоко ниво, па дури и онаа време кога се потпишуваше тој т.н. Нишки договор.

„Она што можеби не е кажано до сега,  а треба да се каже е организациската поставеност на СПЦ во однос да речеме на МПЦ. Фигурата и личноста на српскиот Патријарх е многу битна и на малку по друг начин поставена. Во МПЦ имате ситуација кога Архиепископот е прв меѓу еднаквите, во СПЦ имате една друга ситуација, сите се тие наследници на Свети Сава, тие се во најголем дел прогласени за светители во 14 и 15 век и верниците така и ги доживуваат. Јас во сите изјави на Патријархот Порфириј гледам огромен оптимизам и решителност да се реши прашањето на МПЦ до онаа конечна одредница што сите ја очекуваме, а тоа е прогласување на автокефалност,“ изјави проф. Матевски

Додава дека српскиот Патријарх во многу свои изјави тоа го навести. Исто така првиот човек со кој што тој се сретна по инагурацијата беше амбасадорот на САД и тоа говори само по себе. Исто така и српската политичка елита има влијание врз неговите одлуки, меѓутоа и тој кога самостојно настапува, настапува прилично елоквентно и не гледа никакви причини за загриженост.

„ Сега ќе биде интересно за социолошка анализа, што ќе се случи со ПОА на Вранишковски. Тоа прашање мора да се реши. Веројатно тоа ќе биде првиот чекор за решавање пред Архиепископот македонски побара официјално од СПЦ, автокефалност. Дали ПОА ќе се претопи во МПЦ, можеби ќе се случи интересен социолошки феномен и ќе дојде до едно тотално помирување. Во секој случај две православни цркви во македонија нема да има,“кажа Матевски при денешното гостување во емисијата Стадион.

Следниот чекор, додава Матевски е заедничкото канонско служење, Кога ќе биде тоа заедничко канонско служење со Вселенскиот патријарх, се очекува тоа да биде на Духовден, по што ќе се побара таа автокефалност, а во меѓувреме ќе се пеглаат одредени работи, освен ПОА да се види црковното право, како СПЦ ќе ја надмине црковно-правната одлука од 1959 година, како ќе се надогради на таа одлука, како црквата ќе се откаже од епархиите на оваа територија, кои по Томос нејзини и како ќе се предадат на МПЦ.

„Очекував дека тоа можеби ќе трае година-две, ама сега сум уште поголем оптимист и очекувам тој период да биде пократок. Она што изненадува позитивно е што не гледам изјави од ултранационалистичките српски епископи кои беа против признавањето на  МПЦ. Нема никаква реакција ниту од Црногорската Православна црква. Веројатно овој процес и ним им одговара. БПЦ молчи цело време. Ова е созревана работа, којашто долго време се организирала, се договарала,“ изјави Матевски во денешното издание на Стадион на Канал 77.