Прес-конференција на министерките за одбрана на Македонија и Германија, Шекеринска и Фон дер Лаин (во живо) – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/18 8:15 AM

Прес-конференција на министерките за одбрана на Македонија и Германија, Шекеринска и Фон дер Лаин (во живо)

Во Министерството за одбрана во тек е прес-конференцијата на министерките за одбрана на Македонија и на Германија, Радмила Шекеринска и Урсула фон дер Лаин.Фон дер Лаин денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.

По средбата и изјавите во МО, Шекеринска и Фон дер Лаин ќе учествуваат и на панел-дискусија во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.