Реа од употребени пелени причина за евакуација на жителите во ТЦ „Скопјанка“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/18 7:39 AM

Реа од употребени пелени причина за евакуација на жителите во ТЦ „Скопјанка“

Непријатна миризба од употребени пелени е причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домовите, велат за МИА од МВР и од Противпожарната единица на Скопје.

По пријавата во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите, жителите вчера попладне беа евакуирани поради остар мирис кој го отежнува дишењето.

Еваукација Скопјанка

На терен беа екипи на МВР и на Територијална противпожарна единица на Град Скопје, кои ги евакуираа жителите со заштитни маски. Интервенираа три возила со 11 пожарникари од 18.42 до 01.50 часот. Беше повикана и брза помош, иако повредени нема.

Во чистењето интервенирала и екипа на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Пожарна

Синоќа жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој изјави дека се чекаат единици на АРМ за радио-хемиска и биолошка деконтаминација, која ќе дојде со инструменти да го измери квалитетот на воздухот. Повикани биле и инспектори од Министерството за животна средина и просторно планирање и од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали е безбедно враќањето во зградата