Груевски доби девет години затвор за уривањето на „Космос“ на Фијат Цановски – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/22 2:17 PM

Груевски доби девет години затвор за уривањето на „Космос“ на Фијат Цановски

Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и Елисавета Најдовска се прогласени за виновни во судскиот процес за случајот ТНТ во кој беа обвинети дека му го урнале објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

Никола Груевски доби девет години затвор, Миле Јанакиески треба да одлежи три години, додека бившиот градоначалник Тони Трајковски беше осуден на четири години казна затвор.

Во периодот од 1 април 2012 до крајот на истата година, тогашниот премиер Груевски заедно со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, одлучиле да му се одмаздат на Фијат Цановски, заради неговата одлука да ја напушти владината коалиција со партијата ПЕИ и поради тоа што склучил коалиција со СДСМ.

Искористувајќи ја владејачката моќ го поттикнале Тони Трајковски да ја злоупотреби службената положба кој бил градоначалник на Гази Баба предложен од ВМРО ДПМНЕ и незаконски да го сруши Космос кој бил граден од фирмата на Фиат Цановски.