(Видео) „Ако не ме оставиш на мир, ќе ти е… мајката“ – Легендарниот Чарлс Баркли навреди фан во ТВ-пренос – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/22 6:00 PM

(Видео) „Ако не ме оставиш на мир, ќе ти е… мајката“ – Легендарниот Чарлс Баркли навреди фан во ТВ-пренос

Легендарниот американски кошаркар Чарлс Баркли отсекогаш важеше за личност со „краток фитил“, а таквиот темперамент не го напушти ниту по завршувањето на неговата играчка кариера.

„Чак“ е познат по остриот јазик дури и кога коментира натпревари на телевизија, па се судри со неистомислениците. Во прашање не беа неговите колеги, туку навивачите – бидејќи тие не го правеа преносот од вообичаеното студио, туку беа на лице место пред првиот меч меѓу Голден Стејт и Далас.

Еден од навивачите бил прилично гласен и цело време се обидувал да му пречи на Баркли, дофрлувајќи му и навредувајќи го, а во еден момент легендарниот кошаркар збесна.

„Ако не ме оставиш на мира, ќе одам кај тебе дома и ќе ти ја е… мајката!“ извика Баркли.

Сите почнаа да се смеат кога поранешниот кошаркар на Филаделфија, Феникс и Хјустон го искара навивачот, а потоа тој се сврте и продолжи да си ја работи работата. Еден од организаторите пријде да го смири Баркли и се заврши мирно, додека видеото стана вирално на социјалните мрежи.

извор: Mondo.rs

фото: www.cbssports.com/nba/news/