Актерот Силвестер Сталоне (75) од 1997-та година е во брак со поранешниот модел Џенифер Флавин со која имаат три ќерки. Неодамна Џенифер на својот инстаграм профил сподели фотографија од одбележувањето на нивната сребрена свадба, односно на 25-годишнината од бракот.
View this post on Instagram
„Среќна нека ни е 25-годишнината од бракот. Благодарам што секогаш ме смееш, сакаш и ја штитиш нашата преубава фамилија. Нашиот брак секоја година е се подобар и подобар. Едвај чекам да го поминеме остатокот од животот заедно“, напиша таа под фотографиите.
View this post on Instagram
Сталоне и Флавин првпат се сретнале во 1988-та година во еден ресторан во Калифорнија. Тие имаа подеми и падови и покрај тоа што на почетокот на својата врска преживеале многу искушенија, денес уживаат во семејниот живот со ќерките Систин, Скарлет и Софија.
И додека многумина им завидуваат, не се ни свесни дека не злато се што сјае!
Еве како започна љубовната приказна на Силвестер Сталоне:
Во 1947 година, кога Силвестер Сталоне имаше 28 години, се ожени со фотографот Саша Чак. Заедно имаа два сина, Серж и Сејџ. Бракот траеше 10 години, а во 1985 година парот се разведе.
Речиси една година подоцна, Сталоне се ожени со моделот и актерка Брижит Нилсен. Двојката се познавала само неколку месеци, Брижит не била за брак, но Силвестер ја молел. Бракот траеше само 2 години.
Во 1988 година, Силвестер Сталоне имаше 42 години и зад себе имаше два разводи. Тој ја запознава Џенифер Флавин, која тогаш има 19 години, и двајцата почнале да се дружат.
„Би дошла да гледаме филм, би вечерале, би го шетале кучето или на плажа“, вели Џенифер. Силвестер се сеќава како во тие денови уживал да поминува време со Џенифер и нејзините родители во Сан Фернандо.
„Повторно го сакам животот. Џенифер промени се“, призна тогаш јавно Силвестер.
Сепак, нивниот однос не беше совршен: “Кога сме заедно, тоа е прекрасно. Кога сме разделени, не сме врзани. Така е, без обврски”, признал актерот во 1991 година.
А Џенифер за ова рекла: “Не сум наивна и знам што може да се случи кога не сум наоколу. Тој е 45-годишен маж, не можам да го сменам. Сепак, тој не е куче па да ме изневерува на секој агол. Поминуваме 5 до 7 ноќи неделно, не гледам каде би можел да најде време да ме изневери“.
Во тоа време често се зборуваше за Џенифер дека зборува за тоа како Силвестер ја изневерува, но таа сакаше да го види најдоброто во него.
“Знам дека ме сака. Никогаш не беше проблем тоа”, рекла таа тогаш.
Меѓутоа, во 1994 година, Сталоне ја прекинал врската по пошта. Тој и испратил писмо од шест страници со кое ја фрла во вода петгодишната врска.
Џенифер била очајна кога го добила писмото:
“Многу плачев. Се јавував на сите мои пријатели и го чистев станот 5 пати на ден. Имав толку многу слики и работи од кои морав да се ослободам”.
Таа била разочарана и што Сталоне не и раскинал очи во очи, туку тоа го направил преку писмо.
„Не можете едноставно да отпишете некого преку писмо после шест години. Не е како да го молите да ми се врати или нешто друго. Само сакав да разговараме“.
Подоцна дознала дека Сталоне имал афера со моделот Џенис Дикинсон, која во 1994 година родила ќерка за која Сталоне мислел дека е негова. Подоцна со ДНК тест е утврдено дека детето не е негово и дека врската меѓу нив била прекината. Потоа Сталоне излезе со уште неколку манекенки, дури и се сврши со Енџи Еверхарт, но нивната врска не траеше.
Во 1995 година Џенифер и Силвестер се смириле, а во 1996 година ја добиле првата ќерка, а следната година се венчале.
Зборувајќи за новинарите, Силвестер рече: „Имав две одлични работи минатата година: раѓањето на нашата прекрасна ќерка Софи Роуз и сега мојот брак со Џенифер, која е одлична мајка и знам дека ќе биде одлична сопруга“.
Џенифер и Силвестер моментално живеат во Лос Анџелес и имаат три ќерки:
“Никогаш не се забавував. Тоа го научив од мојата сопруга. Ми требаа 19 години да сфатам дека таа е секогаш во право. Сфатив дека жените имаат талент, барем Џенифер, да носат неверојатно паметни и мудри одлуки. Секогаш скокам без размислување. Таа секогаш прво размислува, никогаш не прави ништо набрзина. Таа е неверојатна сопруга. И сега конечно велам: „Душо, ти ги носиш сите одлуки од сега па натаму. Ти верувам“.
Извор: курис.рс
Фото: Инстаграм