Хотелите се трудат на сите начини да ги задоволат гостите, а од сите најдалеку отишол тој што е до аеродромот во Франкфурт. Следејќи го примерот на некои станбени згради, Hotel b’mine им дозволи на гостите да спијат со поглед на нивниот автомобил.
Со помош на специјален лифт возилото се подига во собата, а гостинот го паркира на балконот на неколку метри од креветот. Покрај локацијата во Франкфурт, сличен хотел се гради и во Дизелдорф.
Хотелот има интересен концепт бидејќи, доколку сакате, не мора да се сретнувате со други гости за време на вашиот престој. Појадокот и другите оброци се носат во вашата соба, пријавувањето се врши преку апликацијата, а информациите за кодот за пристап до лифтот се испраќаат до вашиот паметен телефон.
Значи, максималната приватност е загарантирана, а каде ќе имате подобро утро. Со првите сончеви зраци се вртите кон прозорецот, а пред вас е паркиран Volkswagen Golf „три“.
Инаку, секоја од хотелските соби е опремена со полнач за електрични возила.
Ако ве интересира цената, аранжман со кола на балкон чини околу 200 евра за една ноќ.
извор: B92.net
фото: Јутјуб