Чувајте се од манипулативните личности: Со кои реченици се служат за да ви ја уништат самопочитта? – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/22 9:00 PM

Чувајте се од манипулативните личности: Со кои реченици се служат за да ви ја уништат самопочитта?

Со својата негативност, суровост и викртимизација, токсичите луѓе го доведуваат нашиот мозок во стресна состојба која треба да се избегнува по секоја цена – објаснува д-р Тревис Бредбери, автор на книгата Емоционална интелигенција. Токсичните луѓе може да бидат дел од вашето опкружување, а за тоа да не сте ни свесни. Најпрво може да ги препознаете по тоа што се манипулативни, ги осудуваат луѓето околу себе, избегнуваат одговорност за своите постапки, никогаш не се извинуваат, понижуваат и критикуваат, глумат жртви…

Доколку познавате токсична личност, важно е да сфатите дека не сте вие виновни ниту одговорни за нејзиното однесување. Не дозволувајте да паднете во нивната манипулативна знамка и препознајте ги најчестите фрази кои токсичните луѓе ги користат:

Претерано драматизираш

На овој начин токсичната личност ги наведува луѓето да поверуваат дека тие сами се виновни за тешката ситуација во моментот. Можно е на овој начин да се обидуваат да ги оправдаат своите постапки наведувајќи ве да сфатите дека претерувате и дека проблемот е во вас.

Немаш поим за што зборуваш

На овој начин соговорникот можеби сака да ве понижи или да покаже дека е надмоќен. Вака, токсичната личност се обидува да избега од своите проблеми и ова го користи за да ви покаже дека грешите кога ќе ѝ укажете на нејзиното лошо однесување.

За сѐ си ти виновен

Токсичната личност ќе ја искористи секоја прилика за да ве обвини, па дури и за она што сама го направила. Исто така кога ќе ѝ укажете на грешката на оваа личност, таа ќе извлече некоја ваша грешка од минатото и ќе направи да се чувствувате лошо.

Не си сигурен во себе

Со оваа реченица може дополнително да ви ја загрозат самопочитта. Тие вашата несигурност ја наведуваат како маана која ве спречува да направите важни чекори да се борите за себе. Тоа дополнително ќе го поткопа вашиот однос кон себе. Доколку во друштвото на некоја личност не се чувствувате пријатно, средбата со неа ве исцрпува и се чувствувате нерасположено, прво обидете се да разговарате. Меѓутоа, ако повторно забележите манипулација, негативен став и понижување, тогаш е време да го прекинете таквиот однос кој ви носи повеќе несреќа отколку радост.

 

Извор: sensa.mondo.rs