Триесет и петгодишен граѓанин на Ниш, Србија, е уапсен за кривично дело нанесување тешки телесни повреди со смртен исход, бидејќи крвнички го претепал Ферат Асановиќ (68), кој починал од повредите.
Трагедијата се случила на 3 мај, откако осомничените и жртвата вечерта ја поминале заедно во кафуле во Ниш на улицата Рентгенова.
„Ферат кој свири на хармоника цела вечер го забавувал насилникот, а овој го претепал несреќниот, неговото тело околу 3.30 часот го забележал случаен минувач и била известена Брзата помош од Универзитетскиот клинички центар, но набрзо починал“, наведуваат соговорниците на Телеграф кои се запознаени со овој случај.
Како што дознаваат, Ферат живеел во населбата Сточни трг, но често престојувал во прифатилиште за стари и изнемоштени лица. Кривичниот законик пропишува казна затвор од две до дванаесет години за нанесување тешка телесна повреда со смрт.
извор: Телеграф
фото: Mondo.rs