Мојата работа беше – да ми кажат дека сум дебела! Ајрланд Болдвин се кае оти била во модната индустрија – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/22 9:00 AM

Мојата работа беше – да ми кажат дека сум дебела! Ајрланд Болдвин се кае оти била во модната индустрија

Како ќерка на глумците Алек Болдвин и Ким Бесинџер, Ајрланд Болдвин најголемиот дел од својот живот го мина пред очите на јавноста, па критиката и не ѝ е непозната… Но, сега таа вели дека кога почнала да работи во модната индустрија, нападите врз нејзиниот изглед од повремено преминало во непрекинато.

– Сѐ на сѐ, жалам што влегов во модната индустрија. Искрено. Веќе се борев со екстремна телесна дисморфија и нарушувања во исхраната и секакви проблеми и пред да почнам да се занимавам со манекенство, вели Ајрланд.

Бесинџер, која исто така се пробала во манекенството, се обиде да ја одврати нејзината ќерка од таа работа со полно работно време. Но, Арланд, која како дете работела во продавници, не ја послушала.

– Мојата работа беше – да ми кажат дека сум дебела! Мајка ми беше искрена со мене. Таа рече дека ова е навистина тешко и ме уверуваше да не го напуштам училиштето, се сеќава Ајрланд.

Но, тоа само ја зголемило нејзината опсесија со своето тело.

– Имав екстремни проблеми со исхраната кога моите родители се разведуваа, а јас бев навистина млада. Навистина, сите нарушувања во исхраната ми беа поврзани со чувство на контрола кога сѐ околу тебе е вон контрола. Мојата болка, мојата вина – сѐ тоа ми беше во стомакот. Многу од она што го поминав додека бев помлада – ми беше логично да го контролирам со она – што, како и кога го јадам, вели Ајрланд.

Тоа ѝ се развило кога била дете, и тоа, како што вели, ѝ паднало навистина лошо.

МИА

Фото: Фејсбук