Големото финале во Лигата на шампионите е се поблиску, а клубовите се обидуваат да ги направат играчите целосно подготвени за сите предизвици кои ги очекуваат во Париз во сабота на 28 мај.
Фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул ќе играат за титулата европски првак, а во Париз се очекува ништо помалку од спектакл.
За се да оди во совршен ред, раководството на „кралевите“ реши да не штеди пари за сместување на фудбалери. Хотелот што го избрале е на сите листи во Топ 5 или 10 најлуксузни хотели во овој град.
Реал ќе биде сместен во луксузниот хотел со пет ѕвезди „Auberge du Jo de Palm“. Овој хотел се простира на површина од 7.800 хектари, има дури 92 соби, теретана направена по најнови стандарди, но и можности за коњички спортови и терени за голф.
Секако, терените за голф веројатно најмногу ќе го воодушеват Герет Бејл, чии приоритети во животот се „Велс, голф, Мадрид“, како што пишуваше на познатото знаме што му го подарија соиграчите.
Хотелот наликува на замок, што не е чудно бидејќи во близина има вистински замоци Шантили. Големата предност на ова сместување е што е многу блиску до аеродромот „Шарл де Гол“ и на само половина час возење од „Стадионот на Франција“, каде што ќе се играат финалето.
Овој хотел е познат по својот живописен пејсаж, а ноќевање чини околу 500 евра. Во овој хотел со тимот нема да биде претседателот на клубот Флорентино Перез, но тој избра хотел во центарот на француската престолнина.
извор: Nova.rs
фото: aubergedujeudepaumechantilly.fr/