Можеме да здивнеме! Се породи Ријана, но не роди девојче туку момче – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/22 10:44 AM

Можеме да здивнеме! Се породи Ријана, но не роди девојче туку момче

На социјалните мрежи се шири веста дека пејачката Ријана се породила и родила момче.
Една личност на Твитер напишала дека Ријана се породила во болницата каде што таа работи, и дека барала да се испразни целиот кат на оваа институција за да биде сама.

Истата жена во коментарите под нејзината објава напиша дека пејачката родила момче.

Ниту Ријана ниту нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки не ја потврдија оваа вест, луѓето и честитаат на парот, но имаше и негативни коментари од оние кои мислат дека „одвратно е што Ријана го резервирала целиот кат за себе, додека многу други жени немаат дури и основни услови за време на породувањето“.
Допрва ќе се види колку има вистина во сето ова, особено што со месеци се шпекулира дека пејачката чека девојче.