Наизменично се пропуштаат возилата на патот Скопје – ГП Блаце – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/22 8:19 AM

Наизменично се пропуштаат возилата на патот Скопје – ГП Блаце

Одрони се попречија на дел од патот Скопје – ГП Блаце,  поради што сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата. Два одрони исто така, повеќе месеци го ограничуваат сообраќајот на автопатот Штип – Миладиновци.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

фото:Архива