Граѓанското движење „Бојкотирам“ ја засилува кампањата против референдумот. Здруженијата од ова движење го најавуваат засилувањето со стратегија инспирирана од Брус Ли и легендарната филозофија „Биди вода“.
Приврзаниците на Движењето тврдат дека дел од политичарите кон нив упатуваат вулгарни навреди, но додаваат дека тоа нема да ги поколеба и ќе продолжат и понатаму да ги повикуваат граѓаните да бојкотираат.
„Уставот, Законот за избори и Законот за референумот се многу јасни. Нашето избирачко право е слободно и секој според својата совестодлучува дали ќе го искористи правото или не“, вели активистот Сотир Костов.
Во кампањата за бојкот се вклучува и организацијата Млади за Македонија
Храброста, енергијата и креативноста на „Бојкотирам“ се чинители кои чекор по чекор го рушат режмот на СДСМ и Зоран Заев – посочува претседателот на оваа Организација, Сашо Кироски. Тој и останатите кои повикуваат на бојкот велат дека се за ЕУ и НАТО, но не по цена да се смени уставното име на државата.