Зголемување на безбедноста во сообраќајот и намален број на сообраќајни незгоди – ова е целта што треба да ја постигнат дигиталните мерачи на брзина поставени во близина на пет средни училишта во Град Скопје.
Градоначалникот Петре Шилегов денеска апелираше до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно и да придонесат да се намали бројот на повредени во сообраќајни незгоди.
Поставувањето на овие мерачи следи два дена по сообраќајката на булеварот Србија, каде животот го загуби шеесет и едногодишна жена, а нејзиното тригодишно внуче се здоби со тешки телесни повреди, потрес на мозок и скршена рака. Според Шилегов, стручните служби веќе разгледуваат какво сообраќајно решение може да се постави таму
Статистиките на СВР Скопје пак, покажуваат дека во изминатото деноноќие на подрачјето на главниот град се случиле 15 сообраќајни незгоди, преи кои со телесни повреди завршиле 14 лица, а за едно сообраќајката била кобна.