Да завршат со дневните обврски, па подоцна во текот на денот на завршните преговори. Ова го најави министерот за образование и наука Јетон Шакири, кој како што изјави, очекува денеска да заврши медијацијата со СОНК. Оптимизмот го базира на приближените ставови.
Платите, како што соопштија двете страни, се клучната тема.
-Очекувам во текот на денот да најдеме решение, да завршиме и да ги прифатиме препораките од страна на посредувачот. Ние ќе направиме напори денеска да завршиме, кратко одговори Шакири на новинарско прашање.
Како што објасни министерот, иако после завршувањето на медијацијата има 10 дена за усогласување на решението, министерот за образование очекува денеска се’ да се заврши.
-Затоа и терминот е за подоцна, да завршиме со некои обврски, кажа Шакири.
Вработените во секторот, особено тие во градинките, деновиве имаат едно исто прашање – дали ќе се исплати целосно платата за април, кога беа во штрајк.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вчера изјави дека ако не се постигне решение, законот и Колективниот договор предвидува само исплата на придонеси за деновите кога се штрајкуваше.
-Утре имаме повторно средба со претставниците на СОНК. Социјалниот дијалог ни продолжува. Се надевам дека утре ќе најдеме решение и ќе дојдат претставниците на СОНК со одредени предлог решенија, се’ со цел да се најде решение за платите на оние кои штрајкуваа. Согласно законот и постоечкиот Колективен договор, кој што е потпишан од МТСП и СОНК, платата за април ќе биде исплатена согласно законот, односно ќе бидат исплатени само придонеси, но ќе бараме решение за да со мајската плата или со јунската да бидат надоместени деновите кои што имаше штрајк и за оние негуватели, воспитувачи и помошниот персонал да бидат исплатени платите, изјави Тренчевска (16.05.2022).