Многу е мал процентот на легализирани објекти во општина Карбинци. Процесот се одвива бавно што е и причина за реакциите кај жителите.
Според градоначалникот Јордан Насев таквата состојба општинската администрација ја наследила од претходната власт. Во текот на оваа година работата е интензивирана,биле вклучени уште три лица кои работат на решавање на предметите,но голем дел од нив се ставени на чекање пред се поради фактот дека, се уште не се доставени потребните елаборати, тврди Насев.
„Од 1500 барања за легализација во текот на изминатите години имало многу мал процент на легализација.Во 2017 година решени се само 21 предмет,во 2016-31,во 2015 реализирани биле 84 предмети,за разлика од сега, кога во 2018 година решение за легализација добиле околу 70 жители.“
Според градоначалникот, бавноста во решавањето се должела и на законската регулатива за доставување на документите без потребните елаборати а и локалната самоуправа не била доволно ажурна при приемот на документите и податоците во нив.Тој се надева дека сега, работата ќе се ажурира и до крајот на годината голем дел од барањата ќе бидат решени,зошто тоа е во интерес и на општината и на жителите.
,,Сега во 2018 сите барања се поднесуваат со потребните документи и дополнително се вклучени уште три лица што работат на процесот на