Хаос на тренингот на Јунајтед – Две ѕвезди се степале пред сите – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/22 11:44 AM

Хаос на тренингот на Јунајтед – Две ѕвезди се степале пред сите

Во Манчестер Јунајтед викендов беше бурно. Се чини дека сите во клубот едвај чекаат да заврши оваа сезона, а новиот тренер Ерик тен Хаг ќе успее да ги промени работите во соблекувалната.

Сепак, холандскиот стратег нема да има нималку лесна задача бидејќи пред да пристигне во Англија дознал дека двајца идни играчи се степале на тренинг.

Оваа информација ја пренесе британски „Сан“, а набрзо ја потврди и „Скај“. Имињата на двајцата фудбалери кои се степаа се уште се чуваат во тајност, а во моментов се знае само дека се работи за првотимци. Двајцата играчи морале да се разделат, а многу соиграчи останаа запрепастени по конфликтот.

Сите тие беа испратени во соблекувалната по судирот. Јунајтед нема да игра натпревари уште 15 дена. Во текот на сезоната Хари Мекгваер, Кристијано Роналдо, Давид де Хеа, Бруно Фернандез често беа нервозни, а обично осомничените дежурни во овие ситуации, како Пол Погба, немаат многу причини вака да се справуваат со соиграчите бидејќи се очекува тој да го напушти клуб ова лето.

извор: Nova.rs

фото: /sportsburnout.com/