Криза, хаос, лудило, безредие, катастрофа, бесцелност, преживување, застрашувачка – тоа се зборовите со кои младите од фокус групите опфатени со истражувањето за социо-политичко учество го опишале животот во државата. Во истражувањето на Вестминстер фондацијата за демократија повеќе од половина 55% од младите сметаат дека државата оди погрешна насока. Тоа е пад од 16% млади што во 2019 година одговарале на ова прашање и покажале изразена негативна перцепција. Една третина пак, смета дека Македонија никогаш нема да стане членка на Европската унија.
Младите покажуваат намалена доверба во евроинтегративниот процес и 54% сметаат дека сме подалеку од ЕУ во однос на лани. Има пад на оптимизмот од 15% во однос на прашањето дали Македонија ќе стане членка на ЕУ. Додека шест од десет испитаници би ја напуштиле државата, 29% не би се иселиле, а само 8% сигурно би се вратиле.
Според Дона Костуранова, Пописот покажа дека од една четвртина на Пописот во 2002 година, бројот на млади во државата падна на 17%. Од друга страна, според истражувањето има значаен пад на младите на довербата во државата, сметаат дека се социјално исклучени и покажуваат висока тенденција за иселување. Поради што, рече Костуранова, клучно е да се инвестира во нивната добросостојба.
-Позитивно е што младите кои преземаат акции се тие што се задоволни од своето место, меѓутоа 51% преземаат напори да направат промена во општеството на подобро. Но, само мал дел успеваат во тоа. Младите покажуваат намалена доверба во евроинтегративниот процес и 54% сметаат дека сме подалеку од ЕУ во однос на лани. Има пад од 15% во мислењето дали земјата ќе стане членка на ЕУ, изјави Костуранова.
Младите не се информираат за политичките процеси и 57% одговориле дека ретко или воопшто не го прават тоа. Три четвртини одговориле дека никогаш не биле консултирани за текот на општествено – политичките процеси.
Младите на врвот на приоритетни прашања во сместиле вработувањето – 22% сметаат дека е најважно, но на врвот на важни прашања се образованието -15% додека 14% одговориле инфраструктурата, превозот.
Заклучокот е дека ако сакаме промени, мора да најдеме механизми да ги мотивираме да бидат дел од промената.