(Видео) Благородна Кулева е единствена жена јажар во Македонија – Одбележуваме Денови на занаетчиството – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/22 10:35 AM

(Видео) Благородна Кулева е единствена жена јажар во Македонија – Одбележуваме Денови на занаетчиството

По повод Деновите на занаетчиство денеска во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе биде отворена изложбата „Жени во занаетчиство”, чијшто покровител е сопругата на шефот надржавата Елизабета Ѓоргиевска.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на отворањето на изложбата предвидено е да се обратат првата дама Ѓоргиевска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз, извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска и директорката на Занаетчиската комора – Скопје, Анета Атанасовска.

ММС ги одбележува Денови на занаетчиството со видео-приказната за велешанката Благородна Кулева која е единствена жена јажар во Македонија.

О.К.