Црните лимузини владиците на СПЦ ги заменија со кочија – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/22 9:17 AM

Црните лимузини владиците на СПЦ ги заменија со кочија

Реакциите на конвојот оклопни автомобили што ги возеа патријархот на СПЦ и владиката во Црна Гора не беа добри. Тоа им даде повод верниците да ја пресметаат вредноста на возниот парк, критикуваат аналитичарите. Можеби затоа, на прославата на стогодишнината од формирањето на патријаршијата во Сремски Карловци, патријархот и владиката пристигнаа со воз, а потоа со кочија заминаа до центарот на градот. Со овие зборови српските репортери од Сремски Карловци, јавија за пристигнувањето на челниците на Српската православна црква (СПЦ).

Заседанието е во центар на внимание и на македонската јавноста, која денеска очекува да ја слушне одлуката за МПЦ – Охридска патријаршија.

Агенцијата Бета пишува дека откако вселенскиот патријарх Вартоломеј ја призна МПЦ за канонска под името Охридска архиепископија, одлуката е кај СПЦ.

„Конечниот статус на МПЦ- ОА, како што може да се разбере, допрва треба да се утврди. Разговорот на црковната релација Белград – Скопје продолжува, по неодамна одржаната тајна средба. Засега отсуствува реакцијата на Српската патријаршија на постапката на патријархот Вартоломеј. Православната Охридска Архиепископија функционира и во северна Македонија како автономна во рамките на Српската православна црква. Информацијата дека разговорот се одвивал, неколку дена пред да објавата македонските медиуми, стигна и од Српската православна црква, но во проповедта на еден од владиците во Босна и Херцеговина, таа остана незабележана овде.

Како што рече зворничко-тузланскиот владика Фотија, со МПЦ во Нишката епархија е спроведен „дијалог на љубовта, верата и надежта“ и дека „тие се на прагот да го исцелат расколот, за доброто на двата братски народи, српскиот и македонскиот“. Со својата одлука, патријархот Вартоломеј дејствувал како „прв на власт“ за да ги реши недоразбирањата меѓу црквите“, пишува Бета.