Македонската претставничка на Евросонг, Андреа не успеја да се пласира во финалето, а по традиција ЕБУ секоја година пон завршување на оваа манифестација го објавува гласањето од полуфиналните вечери.
Утрово на евровизискиот сајт осамнаа резултатите, каде можеше да се види дека Андреја не успеа да се пласира во финалето, бидејќи освоила 86 поени, а со нив завршила на 11тото место. Пред нас, на 10то место со 96 поени била Азербеџан, што значи полуфиналето ни избегало за 10 поени.
Во полуфиналето Македонија од публиката добила 20 гласа и тоа од Чешка два, од Србија осум и од Црна Гора 10. Од жирито Андреа добила вкупно 56 поени и тоа по еден од Србија, Црна Гора и Ирска, два добила од Финска, По пет добила од Полска, Малта и Романија, по седум добила од Англија и Австралија, 10 добила од Чешка и 12 од Германија.
Што се однесува, пак, до гласањето на Македонија во второто полуфинале работите стојат вака:
Публиката во Македонија 12-ка дала за Србија, 10-ка Црна Гора,Финска- 8, Шведска-7, Чешка-6, Кипат-5, Белгија-4, Малта-3, Полска-2, Естонија-1. Жирито, пак, 12 за Србија, 10 за Белгија, Полска-8, Шведска-7, Малта-6, Австралија-5, Финска-4, Црна Гора-3, Естонија-2 и еден за Азербеџан.
Во финалеток, пак, македонското жири гласаше вака: Швајцарија-1, Полска-2, Белгија-3, Азернеџан-4, Австралија-5, Шведска-6, Италија-7, Англија-8, за Србија 10 и 12ката ја доби Шпанија.
Публиката, за разлика од жирито 12ка даде за Србија, 10 за Шпанија, за Украина-8, за Молдавија, 7, Италија-6, Чешка-5, Шведска-4, Норвешка-2 и Литванија-1.