Претседателот на Украина, Володомир Зеленски се огласи на социјалните мрежи веднаш откако неговата земја беше прогласена за победник на Евровизија 2022.
-Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа!
Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен.
Ќе дадеме се’ од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол.
Ослободен, мирен, повторно изграден!
Благодарност за победата на Калуш оркестра и на сите кои гласавте за нас!
Групата Калуш оркестра настапија во Торино со темата „Стефанија“ и освојувајќи 631 поен и’ ја донесоа на Украина евровизиската победа.