Констракта доби награда пред евровизиското финале – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/22 8:44 PM

Констракта доби награда пред евровизиското финале

Српската претставничка на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта вечерва настапува претпоследна на престижниот музички натпревар.

Пред самото финале таа доби голема награда, и тоа за перформанс. Нејзината песна In corpore sano беше оценета како вистинско уметничко дело, со чиј перформанс на сцената се раскажува приказна. Водителот на манифестацијата ја праша Констракта од каде и’ е инспирацијата, а таа само духовито одговори: „Тоа е долга приказна, благодарна сум што мојот настап го препознаа на ваков начин“.

Инаку, таа котира на шестоместо на кладилниците, а конкуренција и се само Украина, Велика Британија, Италија и Шпанија.

 

Извор:  blic.rs