„Најубавата жена во политиката“: Колинда позираше во црвен фустан – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/22 6:05 PM

„Најубавата жена во политиката“: Колинда позираше во црвен фустан

Колинда Грабар Китаровиќ се пофали со фотографии од Вашингтон каде беше на доделувањето на наградите на Атлантскиот совет. Поранешната претседателка на Хрватск позираше во елегантен црвен фустан со машна. Станува збор за модел кој многу наликува на моделите на хрватскиот бренд Krie Design.

„Победници на овогодинешните награди за истакнато лидерство на Атлантскиот совет 2022 се Марио Драги, претседател на Советот на министри на Италијанската Република, Џамала, кантавторка и победничка на Евровизија 2016 година, Клаудио Дескалци, извршен директор на Ени и храбриот украински народ“, напиша Колинда по што доби бројни позитивни коментари.

„Најубавата жена во политиката“, „Убава“, „Изгледаш феноменално“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.