Полов напад брз дете во Битола – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/18 12:51 PM

Полов напад брз дете во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола за сторени три кривични дела  “полов напад  врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 16/17.04.2018 година Битола на улица “Караорман”, во домот на првопријавениот, истиот извршил обљуба врз 12 годишно дете од Битола. Во летниот период во 2017 година  на паркинг-простор во Битола второпријавениот извршил обљуба врз 12 годишното дете. Исто така, во февруари 2018 година во Битола, второпријавениот извршил други полови дејствија врз истото дете.