Турбуленции пред венчавката: Бритни Спирс сака да си го заштити богатството со предбрачен договор – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/22 4:01 PM

Турбуленции пред венчавката: Бритни Спирс сака да си го заштити богатството со предбрачен договор

Бритни Спирс е зафатена со подготовките на својата венчавка, но сепак ангажирала адвокати за да подготват предбрачен договор за да го заштити своето богатство од 70 милиони долари. Пејачката и нејзиниот свршеник Сем Ашгари минатиот месец потврдија дека го очекуваат нивното прво заедничко дете. Меѓутоа, според изворот, тие се’ уште се во процес на подготовка на предбрачниот договор пред да се одржи венчавката.

„Разговорите беа малку подолги од вообичаено Сем сака зголемување за секои пет години брак. Бритни е соседоточена на своето здравје и бременоста, а ја планира и венчавката, па му дозволува на својот адвокат тој да го води потенцијалниот предбрачен договор“, изјавил изворот за Heat Magazine.

Сем пак, се пошегува во врска со предбрачниот договор со објава на Инстаграм.

„Благодарам на сите кои се загрижени околу склучувањето на предбрачниот договор. Секако, ќе добиеме моќен договор за да ја заштитиме мојата колекција на џипови и чевли во случај еден ден да ме остави“, напиша тој.

Сепак, обожавателите на поп принцезата сакаат таа да биде заштитена со предбрачен договор.

„Натерај го да потпише предбрачен договор“, „Се’ уште не го знам тој фраер Сем, затоа заштити го својот имот, Бритни“, „Ве молам, натерајте го да го потпише предбрачниот договор“ – се дел од коментарите на обожавателите кои својата поддршка ја искажаа и преку движењето Free Britney.