Ортопетски хирург од Америка и неговата девојка осомничени за силување(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/18 12:39 PM

Ортопетски хирург од Америка и неговата девојка осомничени за силување(видео)

Доктор од Калифорнија што се појави на релно шоу за запознавање и неговата девојка се обвинети за силување и дрогирање на две жени, а властите сметаат дека може да има уште стотина жртви.

Хирург ортопед од Њупорт Бич Грант Вилијам Робишо (38) и Сериса Лора Рајли (31) беа уапсени на 12 Септември.

Обвинителите рекоа дека на нивните телефони има „илјадници“ видеоснимки со потенцијалните жртви.Полицијата работи на идентификување на жените од видеата.

„Сметаме дека обвинетите го користеле фактот што се атрактивни и шармантни за да ја намалат недоверливоста на потенцијалните жртви“, рече тој.

Обвинетите кои беа ослободени со кауција од 100000 долари не коментираа .

Наводните напади на двете жени за кои се товарат се случиле пред две години.

Првата рече дека ги запознала двајцата во ресторан и дека ја поканиле да оди со нив на забава на брод.

Откако се опила, 32-годишната жена наводно била однесена во станот на Робишо и силувана.

Таа следниот ден го пријавила настанот во полиција и тестирањата покажале присуство на неколку видови дрога во нејзината крв.

И двајцата обвинети се товарат за силување со помош на дрога во овој случај.

Другата жена тврди дека се разбудила во станот на Робишо откако цела ноќ пиеле и врискала толку гласно што соседите повикале полиција. Жената на полицијата ѝ рекла дека вечерта пиела во бар во Њупорт Бич со двојката и дека потоа се онесвестила.

Во овој случај двојката се товари за сексуален напад со намера за силување.

Полицијата рече дека успеала да најде видео од едната од двете нападнати жени.

Ако бидат осудени, Рајли може да добие 30 години затвор, а Робишо 40.

Обвинителот Ракокас рече дека луѓето најчесто очекуваат силувачите и манијаците да бидат некои морничави, страшни мажи, но не очекуваат дека носат докторски мантил и дека работат во договор со убава жена.