(Видео) “Уметница мора бити здрава“ – Боросаните на Констракта ја споија екс Ју – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/22 8:00 PM

(Видео) “Уметница мора бити здрава“ – Боросаните на Констракта ја споија екс Ју

Српската претставничка на Евросонг, Констракта е единствената која од екс Ју републиките влезе во финале.

Оттаму и интересот за неа не престанува. Но, она што е најинтересно е што таа успеа цела екс Ју да ја спои само со еден детал, а тоа се добро познатите боросани.

Констракта на сцената се појави со костим кој наликува на болничка униформа со високо копче на вратот и голема јака, составена од  кошула и панталони, и секако боросани на нозете.
Боросаните, а порано ги носеле работниците во маркетите, фабриките, но и медицинските сестри во болниците. Некои сметаат дека тие се всушност симбол на женската еманципација кај нас.
Најчесто се носеле токму онака како што ги носи во комнинација со униформа или работен мантил. Тие беа омилени меѓу работничките бидејќи го поддржуваат стапалото, многу се удобни и го елиминираат заморот на мускулите при одење.

Боросана е создадена  за жени кои долго стојат или многу пешачат. Оригиналната боросана доаѓаше во две бои, темносина и бела, а црната боросана се појави дури во доцните 80-ти.

Бидејќи се произведуваат во Хрватска, хрватските медиуми се шегуваат бидејќи преку боросаните ќе се појават на финале на Евросонг.

-И оваа година Хрватска нема да има претставник во финалето на Евровизија, но сепак ќе бидеме присутни на саботното финале.  Констракта, која се пласираше во финалето на Евровизија, во полуфиналната вечер настапи во обувки од Хрватска. Станува збор за популарната обувка „боросана“ која се произведува во вуковарската фабрика за обувки Борово, пишуваат хрватските медиуми.